На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година

На автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Петровец вчера во 10:10 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во МВР извршиле контрола на товарно возило – влекач „мерцедес“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(47) од Скопје, а сопственост на правно лице.

 

МВР денеска соопшти дека притоа бил констатиран прекршок по член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со член 26/10 од Законот за возила, односно затоа што сообраќајната дозвола на влекачот и полуприколката биле истечени и важеле до 24.04.2024.

 

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Министерството за внатрешни работи апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.