Зголемени утрински температури во државата, максималната денеска ќе достигне до 20 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени 4 степени, 6 степени било во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор, Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, 12 во Велес и Гевгелија, 13 во Штип и Демир Капија.

Наврнат воден талог во изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)

31 Маврови Анови, 25 Пожаране, 22 Попова Шапка, 16 Тетово, 13 Охрид, 10 Крушево, Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Тополчани, Пожар-Радовиш, 2 Крива Паланка, Битола, Виница, Кавадарци, 1 Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Берово.

Времето денеска

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во крајните југозападни делови (над 20 l/m2). Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.