
(Видео) Роналдо објасни зошто не ја побарал за жена Георгина, снимката стана вирална
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Март 2025

На интернет стана вирално видеото на кое фудбалерот Кристијано Роналдо објаснува зошто сѐ уште не ја побарал за жена својата партнерка Георгина Родригез. Парот е во врска речиси десет години, имаат деца, но не се во брак.
Станува збор за клип од шоуто на „Нетфликс“, „Јас сум Георгина“, и стана вирален во последните денови. Во клипот Георгина вели дека нејзините пријатели често ја задеваат бидејќи Роналдо сѐ уште не ја побарал за жена.
„Не зависи од мене“, изјави Георгина, а потоа Роналдо објасни зошто се уште не предложил брак.
„Секогаш велам: Кога ќе го почувствувам тој клик. Како и сè во нашите животи и таа знае за што зборувам“, рече тој и додаде: „Тоа може да биде за една година или за шест месеци или за еден месец. Илјада проценти сум сигурен дека тоа ќе се случи“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
