
Ослободени шест мигранти кои биле држени во заложништво во Студеничани, лишени од слобода седум лица
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Март 2025

По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот.
Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
