
Таравари не преговарал со ДУИ, а од „Влен“ не добил понуда да бидат една партија: „Ако решиле да се здружат ќе им го дадеме името“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Април 2025

Досега сме немале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија, ако имаме ќе ја разгледаме, не брзаме, но ако одлучиле заедно да бидат, името им го даваме, нека го задржат „Влен“, ние ќе останеме „Алијанса за Албанците“, ќе продолжиме со нашата пратеничка група. Ова го истакна Арбен Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој рече дека остануваат отворени за соработка со сите.
Вели дека не преговарал со ДУИ. Прашан за информациите дека добил понуда од „Влен“ која содржела 35 отсто за советничките листи, и 5 градоначалници, а истата понуда ја имал од ДУИ, Таравари рече: „’Влен’ ми пуштија нешто што повеќе ми изгледаше како ултиматум пред вчершното собрание. Јас никогаш во животот не прифаќам ултиматуми, сакам разговори“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
