
(Фото) Бен Афлек на снимањето на новиот филм дојде со бурма
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 07 Април 2025

Бен Афлек беше забележан со венчален прстен на снимањето на претстојниот филм Animals.
Камерите го фатија актерот на пауза од снимањето. На левата рака јасно се гледаше златен прстен, што наводно е само дел од неговата улога.
Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање.
Двојката уште во септември се договорила со посредство и на тој начин избегнала долготрајна судска битка
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
