
Таткото на Вања: Во полицијата нѐ убедуваа дека се регрутирала за ИСИС и избегала во Шведска
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Април 2025

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска кој е еден од осомничените за случајот денеска за првпат сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје.
Тој тврди дека нема инволвираност ни со случајот, ниту со обвинетите кои не ги познава, а и не може повеќе да ги гледа.
„Немам никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката забележавме дека не чувствуваат ниту вина, ниту се каат. Тие демонстрираат гнев и разочарување од ‘царот’“, рече тој, мислејќи на првообинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кој бил запишан „царот“ во телефонот на обвинетот Кешишев.
На секое рочиште, сведочеше осомничениот татко, слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне и да ја врзе, ја трескале по гепеци, ја ставале по вреќи. Се обидувале да ги замачкаат доказите.
Рече дека од самиот почеток полицијата се сомневала во него. Тапкале во место, му покажувале слики од девојчиња, да потврдат дали тоа е Вања, ги убедувале дека не си го познаваат детето, дека Вања избегала со некој дечко накај Тетово, или решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска.
„Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата ‘Дискорт’ разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот, па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС, јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам: ‘Киднапирана е Кире, киднапирана е’. Не е дека по своја волја скршнала од патот кон училиште“, сведочеше таткото.
Вели дека на состаноците во полицијата го правеле ретардиран во целата ситуација, а истрагата била водена во погрешна насока
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
