
(Фото) Крива Паланка доби нов урбан лик
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 09 Април 2025

Крива Паланка, градот со петте прекрасни мостови – Осички мост, Шанин мост, Љиљаков мост, Градечки мост и Соларски мост – сега блеска со нова енергија и стил. Овие мостови, кои го симболизираат спојот на минатото и сегашноста, се осветлени и обновени, додавајќи уште еден уникатен елемент во урбаниот изглед на градот, извести општината.
„Дополнително, ликот на Крива Паланка е збогатен и со нови уметнички акценти, меѓу кои се издвојува уникатниот мурал кој го краси градот.
Муралот го претставува најголемиот бисер на Крива Паланка, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, како и препознатливиот и вкусен Кривопаланечки симит – симбол на автентичноста и традицијата на нашето поднебје.
Овие промени во урбаното уредување на Крива Паланка се одраз на посветеноста на локалната заедница за зачувување и унапредување на традицијата и културното наследство на градот“, соопшти општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
