
„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 09 Април 2025

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми. Политиките што се спроведуваат во авиосообраќајот даваат конкретни резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За само неколку месеци Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродрома, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните.
Исто така, се преговара и за уште десетина нови авиолинии.
Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје – Париз (аеродром „Орли“). Се воведе нова авиолинија Охрид – Истанбул. По 12 години, повторно се врати линијата Скопје – Амстердам.
Нов чартер-лет од Германија, со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе доаѓаат надвор од главната туристичка сезона.
Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“, и тоа:
Скопје – Женева, која ќе почне да оперира од 3 ноември 2025, и Скопје – Париз (аеродром „Орли“) од 2 април 2025.
Претходно, се потпишаа и договори за воведување на линиите: Охрид – Истанбул; Охрид – Базел Мулхаус; Скопје – Дубаи; Скопје – Штутгарт; Скопје – Лион и Скопје – Барселона.
Се преговара и за воспоставување нова линија Скопје – Прага, како и можноста за нова линија Охрид – Карлови Вари.
Освен новите авиолинии што се воведоа и оние за кои се преговара, првпат по изградбата на аеродромот во Охрид се прошируваат капацитетите и ќе се гради нова терминална зграда. Реконструкција и нова административна зграда на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“.
Целта е подобрување на квалитетот на животот на македонските граѓани, подобар проток на добра и услуги, како и инвестиции и пораст на економскиот развој“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
