
Кривични пријави за директори на училишта во Берово за злоупотреба на превозот за ученици
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 09 Април 2025

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца директори на училишта во Берово поради незаконски избор на фирми за превоз на ученици.
Поднесена е кривична пријава против Д.П.(64) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавената, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2023/2024, потпишала договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетила буџетот на училиштето за околу 560.000 денари“, соопшти полицијата.
Исто така, поднесена е кривична пријава против С.К.(52) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавениот, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2022/2023 потпишал договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетил буџетот на училиштето околу 611.000 денари“, соопшти полицијата
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
