
Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Април 2025

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.
Непроменета останува состојбата на пациентите што се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Во болниците во земјата во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, по еден пациент на Клиниката за токсикологија, на Клиниката за детска хирургија, на Клиниката за пулмологија и во ГОБ „8 Септември“, како и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, велат од таму
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
