Ниеден обвинител не се повлекол од истрагата за Кочани, велат од ЈОРМ

Ниеден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација, соопштија од Јавното обвинителство по наводите на ДУИ дека еден јавен обвинител се повлекол поради несогласувања во врска со квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата.

 

Од Обвинителството наведуваат дека обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејства.

 

Од таму додаваат дека не се повлекол обвинител ниту од Јавното обвинителство ниту од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, чие одделение ги истражува полицајците осомничени за трагедијата во Кочани.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.