
(Фото) Ако таа не биде избркана поради фустанот, никој нема да биде: ги прекрши сите можни правила во Кан
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 15 Мај 2025

Иако правилата на Канскиот фестивал оваа година забрануваат „голи фустани“, актерката се осмели да покаже што е можно повеќе и изгледаше одлично на црвениот тепих.
Актерката Пом Клементиф присуствуваше на премиерата на „Невозможна мисија“ на 78. Кански филмски фестивал со холивудската ѕвезда Том Круз и иако оваа година беа воведени правила за црвениот тепих, таа се осмели да се разголи.
Едно од правилата е „без голи фустани“, меѓутоа русокосата актерка очигледно не се придржуваше до ова, па се појави во атрактивна креација со длабоко деколте и самоуверено ја откри својата гола кожа.
Покрај деколтето и голиот грб, фустанот има и голем шлиц што ги открива нејзините вити нозе, кои дополнително ги истакна со чевли на платформа, а за накит избра само прстени и импресивни висечки обетки.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
