
(Видео) Познатиот актер пристигна во Кан и ги воодушеви фановите: „Легенда, без разлика што велат сите“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 15 Мај 2025

Том Круз пристигна во Кан за да го промовира новото продолжение на „Невозможна мисија“ на 78-то издание на филмскиот фестивал.
Неговото пристигнување во Кан предизвика доста возбуда на улиците, а актерот пристигна со стил, мавтајќи им на фановите низ прозорецот на црн автомобил
Кога излезе, 62-годишниот актер ги поздрави фановите, ракувајќи се со нив и додавајќи дека е среќен што се запознал со нив.
Снимката привлече внимание на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека неговото пристигнување е во стилот на „Невозможна мисија“.
„Шефот пристигна“, „Мојот омилен глумец“, „Најдобриот“, „Легенда, без разлика што ќе каже некој“, „Каква елеганција“ и „Секогаш толку згоден“, се некои од коментарите.
За потсетување, веќе некое време се шпекулира дека Круз е во врска со актерката Ана де Армас. Актерот беше еден од гостите на роденденската забава на Дејвид Бекам, која се одржа во Лондон. Иако очигледно дошол сам на забавата, наводно бил придружуван од 37-годишната актерка, а наводната двојка била видена и како шета низ Лондон за 37-миот роденден на Ана.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
