
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Април 2025

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски, кој дивееше на скопските улици, а беше ослободен од МВР, се поставува прашањето кој ќе сноси политичка одговорност, прашува СДСМ.
„Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на својот брат? Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не злоупотреба на позицијата за заштита на привилегирани функционери, роднини и пријатели на ДПМНЕ. Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот со братот на Стефковски откога беше фатен жив, но граѓаните не се наивни, знаат дека да не го објавеше СДСМ, ќе се криеше и понатаму и никој немаше да биде сканкциониран“, велат од партијата.
Од СДСМ прашуваат кој ќе ја преземе сега политичката одговорност за овој скандал?
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
