(Видео) Меган Маркл за проблемите со Хари: Расправиите почнаа по шест месеци

 

Меган Маркл се појави во поткастот на Џејми Керн Лима. Таа зборуваше за својот бренд „Како и секогаш“ и за нејзиното шоу „Со љубов, Меган“, но зборуваше и за бракот со принцот Хари.

 

 

Војвотката од Сасекс призна дека работите меѓу нив не биле секогаш идеални. „На почетокот беше одлично и имаше пеперутки во стомакот, но потоа многу бргу почнавме да се караме. Тоа се случи неочекувано, околу шест месеци по почетокот на врската“, рече таа.

 

Таа исто така рече дека работите се поинакви по седум години брак велејќи дека двајцата имаат малку простор за дишење.

 

„Можеме да уживаме еден во друг на нов начин, па затоа чувствувам како периодот на меден месец повторно да е тука за нас“, заклучи таа.

 

Меган неодамна објави фотографии на „Инстаграм“ од децата, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), кои поминуваат време во дворот на нивниот луксузен дом во Калифорнија вреден 14 милиони долари. Фотографиите ги прикажуваат двете малечки како берат цвеќиња, кои Меган ги одгледува во градината, без притоа да им ги покаже лицата на децата.

 

Принцот Хари наводно не е премногу задоволен што Меган ги користи децата за промоција на нејзиниот нов бренд, „Како и секогаш“. Уредникот за кралското семејство на „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца на социјалните мрежи.

 

„Хари би сакал неговите деца да бидат подалеку од очите на јавноста до одредена возраст“, ​​рече Вилкинсон во поткастот A Right Royal.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.