
Стјепан Хаузер се ожени со Украинката Марија?
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 29 Април 2025

Стјепан Хаузер предизвика озборувања за можна тајна венчавка со Украинката Марија по неодамнешната објава на „Инстаграм“. Музичарот објави фотографии на кои двајцата позираат во бела облека, што предизвика шпекулации за венчавка.
Хаузер објави три фотографии, на кои Марија носи бел мини фустан без прерамки и шапка што се носи на свадби, а музичарот позира до неа во бел костум и бела кошула.
Хаузер сè уште официјално не ја потврдил својата врска со Украинката, а следбениците коментираа на фотографиите под објавата. „Дали се венчаа?“, „Дали, конечно, го направија тоа“, „Со среќа“ и „Честитки“, се само дел од коментарите под објавата.
Познатиот хрватски виолончелист наводно е во врска веќе некое време, а двајцата споделуваат романтични фотографии на социјалните мрежи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
