
Апасиев: Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Април 2025

Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предлага пратеникот Димитар Апасиев од Левица.
,,Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)?. Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата“, додава лидерот на Левица.
Инаку, пратеничката група од Левица поднесе интерпелација против Тошковски и истата денес е на Дневен ред на седница во Собранието.
Левица ја поднесе интерпелацијата на 14 април поради тоа што, како што велат од партијата, Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.
Од Левица велат дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Според партијата, МВР потфрлило и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
