Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

 

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот Панче Тошковски ги известил дека ќе ги прими на средба. Измачени од маршот, кој почна пред три часа, тие застанаа пред Министерството.

 

„Кога ние можевме да дојдеме до тука,  ако има храброст, нека излезе тој пред нас родителите. Ние толку голем пат поминавме до тука, нека излезе тој од почит кон нас родителите. Штом не знаеше со автомобилот да дојде пред Собранието, еве ние пеш дојдовме до тука и без душа, и без сила, и без дете. Сакаме да дојде тука пред нас“, рече една од мајките на загинатите и седна на асфалтот пред МВР.

 

Друга мајка предложи да влезат и да разговараат со министерот сами, како што направија во Обвинителството, но повеќето рекоа дека се исцрпени и чекаат министерот да покаже почит.

 

Пред Собранието пред родителите на загинатите излегоа лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, и неколкумина негови сопартијци пратеници, како и пратеници од партијата Левица. Кога Филипче им објасни дека институционално во Собранието се борат за неселективна правда, родителите на загинатите им рекоа да си депонираат оставки од функциите кај претседателот на Собранието оти нивната борба личи на борба во себе. Ги потсетија пратениците на СДСМ дека се многу поборбени кога се борат за да дојдат на власт, па прават шарени и какви ли уште не револуции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.