Приведен возач од Тетово, кој со „бмв“ возел 151 километар на час на место на кое е дозволено 80

 

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р.(40) од селото Мала Речица, поради брзо возење.

 

Од МВР велат дек управувал автомобил ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 километар на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.

 

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок  за безобѕирно управување со моторно возило“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.