Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

 

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави:

 

„Да, очекувам. Инаку, имаме ниво на јавен и државен долг во однос на домашниот бруто-производ кој е најнизок во последните пет години. Односно, јавниот долг е некаде околу 57,7% од домашниот бруто-производ, а државниот е 50,1 %. Како Влада имаме јасна стратегија – до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки и тоа јавниот да биде под 55 %, зошто да не и под 50 %, а државниот да биде под 45 %, зошто да не и под 40 %.

 

Но, она што за мене е исто така важно е номиналниот домашниот бруто-производ да биде 20 милијарди долари. Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сигурен сум, бидејќи, како што кажав, во месеците што следуваат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани“, рече Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.