
Ненадејно почина Николче Здравески
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Април 2025

Николче Здравески, легендата на Победа, починан ненајдено на 54-годишна возраст. Здравевски беше дел од најголемите успеси на клубот од Прилеп.
Здравески како капитен ја предводеше Победа до првата шампионска титула, а беше тренер кога клубот втор пат стана шампион на Македонија.
Николче Здравески целата кариера ја мина во клубот од Прилеп, како фудбалер, тренер и координатор на младинската школа. Во еден период беше тренер на 11 Октомври, кога овој тим се натпреваруваше во Првата лига.
Во 2007 година Фудбалската федерација на Македонија го прогласи за тренер на годината. Здравески во кариерата забележа два настапи за националниот тим. Го носеше дресот на Македонија на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
