Обвинителите објавија нова видеоснимка на која Манев се враќа по лопата: „Однапред се подготвувале за убиството на Вања“

 

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година, која, како што беше презентирано потекнува од дента кога се случил првиот неуспешен обид за грабнувањето на Вања.

 

Обвинителката Ана Димитриевска, рече дека видеоматеријалот е од безбедносниот систем на Манев, од кој веќе некои снимки се изведуваа пред судот.

 

„Оваа снимка што дополнително ќе ја покажеме, не беше изведена, а бараме да се изведе на околност дека обвинетите однапред се подготвувале да извршат убиство, а не само грабнување на детето Вања Ѓорчевска. Тоа е спротивно на нивната одбрана изнесена на главната расправа“, рече обвинителката.

 

На снимката се гледа дека само што кај 3 часот сабајле на 24.11.2023 обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски со пикап „рено кангу” тргнуваат на пат кон Велес, од каде се оди и за Скопје, тие се враќаат на портата на куќата на Манев. Се гледа како тој излегува од возилото и за половина минута се враќа со лопата во раката.

 

Палевски рече дека се противи генерално на сите обиди на Јавното обвинителство во дополнителна доказна постапка да манипулира и да вештачи на лице место, а не се вештаци, туку се обвинители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.