Бело платно со имињата на жртвите од пожарот во Кочани пред Обвинителството

 

Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани.

 

Пред зградата на Обвинителството беше поставено платно со имињата на жртвите од пожарот, но и имињата на луѓе кои го загубија животот во големи трагедии.

 

„Поминаа 2 месеци од најголемата трагедија во нашата историјата. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи”, соопшти иницијативата.

 

Утре „Кој е следен“ одат во Кочани, на „Маршот за ангелите“ кој е закажан за во 16 и 5 часот на градскиот плоштад во Кочани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.