(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот на Славески да биде назначен за гувернер е исклучиво теснопартиски.

 

 

„Ние нема да го поддржиме предлогот за гувернер затоа што изборот е исклучиво теснопартиски. Ова не е избор што ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка, што било, би рекол, традиција во изминатите години. Од претседател на Советот на Град Скопје доаѓа како предлог за гувернер на Народната банка. Тоа е првата работа. Втората причина е што тоа е човек што се спротивставува на растот на минималната плата, на економски политики, кои се за доброто на граѓаните. Тој беше најголемиот противник, ако се сеќавате, тој велеше дека дури 9.000 денари била голема минимална плата итн.“, рече Спасовски.

Според него, неговиот избор за гувернер не може ништо добро да донесе ниту за системот ниту за државата.

„Трето, човекот што овие изминати речиси четири години како претседател на Советот на Град Скопје не направи ништо, освен кочење на сите работи што требаше Советот да ги прави и практично водеа некакви полички битки помеѓу градоначалничката што тие ја избраа и ВМРО-ДПМНЕ. Немаме навистина никаква причина да се даде поддршка Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка“, рече Спасовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.