Дебата за перспективите на истражувачкото новинарство

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски ќе учествуваат и ќе се обратат на дебатата „Перспективите на истражувачкото новинарство".

 

Дебатата, организирана од Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфоцентар ќе опфати две панел дискусии.

 

Првата, со фокус на прашањето „Дали зголемениот број на истражувачки стории во медиумите е долгорочен тренд или само краткотрајна промена?" и втората со наслов „Дали базите на отворени податоци придонесуваат кон подобрување на истражувачкото новинарство?".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.