Курти: Приштина да побара од Скопје итно ослобдување на Морина

Лидерот на косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти ги повика надлежните институции во Приштина да побараат од властите во Северна Македонија итно ослободување на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Томор Морина, кој минатата недела беше приведен на македонско-косовската граница врз основа на потерница од Интерпол.

 

Куртикако што јави дописникот на МИА од Приштина, преку објава на Фејсбук ги обвини косовските власти дека несоодветно реагираат на дејствијата на Белград против припадниците на ОВК и дека „самото повоено Косово не го штити ОВК“.

 

– Томор е еден од многуте борци на ОВК кои се уапсени, а некои и одлежаа години затвор поради потерници од Србија, а за многу од нив нашите граѓани слушнаа дури откако беа пуштени од затвор, додека властодршците во меѓувреме преговараат со Србија, без ниту еднаш да го постават како услов ова прашање. Наспроти систематските потерници на Србија секогаш сме имале импровизирани реакции на косовската држава. За некого се реагира бурно затоа што се повикува некаде на интервју, а за Томор Морина сеуште нема државна реакција, иако е во предекстрадикциска процедура, напиша Курти.

 

Косовскиот опозициски лидер побара итно ослободување на Морина од страна на властите во Северна Македонија, како и соодветна реакција на косовските дипломатски и владини институции.

 

– Ние бараме итно ослободување на борецот на ОВК и граѓанин на Република Косово Томор Морина. Ги повикуваме нашите дипломатски и владини институции итно да ги спроведат сите потребни процедури, со цел Томор да биде ослободен што поскоро, напиша Курти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.