Во Велес одбележан претстојниот национален празник Илинден
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 01 Август 2019
Општина Велес по повод националниот празник 2 Август-Илинден, утринава на Спомен Костурницата од НОВ , на Споменикот Коњаникот посветен на велешките војводи Илинденци и на споменикот на Панко Брашнаров во Велес им оддаде достојна почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и Втората светска војна.
Букети свежо цвеќе на трите споменици положија делегации на општина Велес, членови на Сојузот на борци од НОАВМ-Велес, на јавните институции од градот, членови на семејства на загинати борци, политички партии и невладини организации.
На централното место на прославата пред Спомен костурницата од НОВ, свое обраќање пред присутните имаше историчарот Марин Клифов, в.д директор на ЛУ Народен музеј – Велес.
Тој потсети дека утре се навршуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ, и при тоа говореше за големото историското значење на двата Илиндена 1903 – и 1944.
Во чест на загинатите херои, свои уметнички творби читаа членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, поетите Родна Јанчева, Божидар Јовиќ и Јасмина Ѓорѓиева.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс