Пендаровски изрази сочувство до Макрон за хеликоптерската несреќа

Претседателот, Стево Пендаровски, изрази сочувство до претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, по повод загинувањето на 13 припадници на француската војска во Мали.

 

„Длабоко ме потресе веста за хеликоптерската несреќа во Мали, каде животот го загубија 13 припадници на француската војска.Во овие тажни моменти за Вашата земја, нашиот народ длабоко сочувствува со пријателска Франција и заедно со мене ја споделува тагата за загубените животи од оваа несреќа. Ве молиме да ги пренесете нашите изрази на искрено сочувство до семејствата на трагично настраданите војници и до францускиот народ.

Почитуван претседателе, дозволете ми, исто така да Ви упатам и изрази на силна и безрезервна поддршка во здружување на нашите напори за акција во глобалната безбедност“, вели Пендаровски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.