Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје и оддаде почит на големиот македонски револуционер.

По повод 117-годишнината од смртта на идеологот и водач на револуционерното национално ослободително движење, владината делегација положи венец со свежо цвеќе и пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Ликот на Гоце Делчев, кој загина на 4 мај 1903 во с. Баница, останува запаметен како обединувач и визионер, кој пред повеќе од еден век порача дека „Светот го разбира како поле за културен натпревар на народите“ и таа порака сплотува и мотивира за почитување и унапредувања на правата во сопствената држава и пошироко со сите народи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.