СДСМ: Илинден е нашата сила да градиме држава со сигурна, стабилна европска иднина
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Август 2022
Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2ри Август – Денот на Републиката, се вели во соопштението од СДСМ.
Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава, наведуваат од партијата.
Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината.
Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел, се вели во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс