ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на протокол на МНР кој што го згреши знамето не е разрешен, туку унапреден

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека министерот за надворешни работи Бујар Османи „не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон“.

„Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава?“ е ставот на опозициската партија.

Претходно, македонскиот шеф на дипломатија рече дека „директорот на протокол поднел оставка поради морална одговорност, иако немаше никаква директна одговорност“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.