(Видео) Томовски: Жерновски зема плата од 1000 евра месечно за градба на Клинички кој не се гради

„Аферата „Паразити“ со години го јаде системот. Од владата именувани функционери, звучни имиња, земале илјадници евра, додека народот мизерува. Функционерите од аферата „Паразити“ не можат да ги оправдаат парите кои ги земаат со реална работа, придонесот кој тие треба да го даваат за тие пари не се гледа. Со еден таков пример ќе ја отвориме оваа прес конференција, се работи за Андреј Жерновски, кој повеќе од година ипол е дел од проектната единица за Клинички центар, и за тоа зема месечен надомест од 1.000 евра“ посочи денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Томовски посочи дека „Жерновски, до сега земал над 18.000 евра од министерството за здравство. А, намената за која што ги зема тие средства не е оправдана. Клинички центар нема, ниту се гради тој во Штип, а тој во Скопје не е ниту во фаза да почне да се гради“.

„Зошто се држи Жерновски на позицијата и зошто му се исплаќаат по 1.000 евра месечно, иако за тоа нема потреба, треба да ни одговорат од Владата. Сосема неоправдано се трошат парите од министерството за здравство, а во исто време гледаме како секојдневно луѓе собираат пари за лекување преку донации. Иста е ситуацијата и со Кире Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, кој зема месечна плата од над 2.000 евра“ вели тој.

„Неоправдано трошење на средства на граѓаните гледаме и во М НАВ, таму како што веќе објавивме двајцата директори земаат скоро 500.000 евра плата за еден мандат од четири години. Фахрудин Хамиди зема плата од 6 илјади евра месечно, додека Владо Крстевски зема 4.5 илјади евра месечно“ рече Томовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.