БОЖИЌНИ КОЛАЧИ: медени ванилици со долг рок на траење

Ванилиците се безвременски колачи, кои брзо се подготвуваат, не се скапи, а колку подолго се чуваат, толку се помеки.

 

Состојки:

 

250 гр. маргарин или путер

пола кесичка прашак за пециво

1 јајце

4 лажици мед

4 лажици шеќер

500-600 гр. брашно

мармалад од сливи

шеќер во прав

 

Изматете го омекнатиот маргарин или путер со шеќер, така што ќе добиете пенеста смеса. Полека, матејчи додајте го јајцето, а потоа и медот.

 

Кога сето тоа убаво ќе се сврзе додајте прашак за пециво и по малку додавајте брашно. Тестото замесете го со рака и месете додека да добиете еднаква смеса.

 

Готовото тесто замотајте го во целофан и оставете го да фрижидер половина час. Изладеното тесто размесете го, за да добиете кора дебела 1 см.

 

Со калап вадете колачи и редете ги во тепсија обложена со хартија. Остатокот од тестото премесете го и повторно со калап вадете колачи, се додека не го потрошите тестото.

 

Ванилиците шечете ги околу 15 минути во претходно загреана релна на температура од околу 180 степени.

 

Топлите ванилици премачкајте ги со мармалад, и лепете ги две по две. Одозгора додајте го шеќерот во прав.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.