Актерката од Gossip Girl пронајдена две недели по мистериозното исчезнување

Актерката Шанел Маја Бенкс, позната по малата улога во серијата Gossip Girl, е пронајдена по исчезнувањето во Лос Анџелес пред две недели.

 

„Шанел е пронајдена жива и здрава. Нема повредени и не постои сомневање за прекршок“, изјави локалната полиција за ТМЗ. Повеќе детали засега се непознати.

 

Еден ден претходно семејството на Шанел откри дека се обидуваат да ја најдат на секој можен начин и дека не се виделе или слушнале од 30 октомври. Шанел ги оставила сите свои работи и кучето во својот стан во населбата Плаја Виста во Лос Анџелес, каде што живее со својот сопруг. Нејзината братучетка Даниел-Тори Синг изјавила дека актерката никогаш никаде не отишла без своето куче, што им било многу чудно.

 

Бидејќи неколку дена не се слушнала со нив, тие се загрижиле и се јавиле во полиција. Сопругот на Шанел наводно бил многу лут и не сакал да соработува со полицијата.

 

Инаку, Бенкс пред 10 години се пресели во Лос Анџелес за да стане актерка. Покрај Gossip Girl, глумеше и во серијата Blue Bloods и во филмот Twelve. Таа неодамна се откажа од актерството за да се фокусира на пишувањето





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.