(Видео) Нема да верувате колку Мараја Кери заработува на нејзиниот божиќен хит

Американската пејачка Мараја Кери пред 30 години ја објави песната All I Want For Christmas Is You. Песната стана неизбежен дел од празничната сезона, а сега сумата што Кери ја заработува од песната повторно почна да се шири низ медиумите.

 

 

Според магазинот „Економист“ во 2017 година, Мараја Кери заработува околу 2,5 милиони долари секоја година поради оваа божиќна песна, додека „Њујорк Пост“ пишува дека станува збор за три милиони.

 

И не само тоа, туку песната и донесе дури 60 милиони долари кога првпат ја објави. А судејќи по сегашната статистика, се чини дека и годинава пристојно ќе заработат од тоа.

 

All I Want For Christmas повторно влезе во топ 100 топ листите на Билборд, каде моментално се наоѓа на 16-то место. Само на 1 декември беше преслушан 8,2 милиони пати на Spotify, додека вкупната бројка низ годините е речиси две милијарди.

 

Нејзината песна не само што е една од најслушаните за време на празниците, туку е и меѓу оние со најмногу кавери. Самата Мараја Кери ја сними песната во дует верзија пред 13 години, каде и се придружи Џастин Бибер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.