По долго време во јавноста, Кејт Мидлтон со Вилијам го пречека емирот на Катар

Кејт Мидлтон неодамна се врати на официјалните обврски.

 

Таа вчера со својот сопруг, принцот Вилијам, во Лондон се сретна и се поздрави со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и со првата од неговите три сопруги Шеиха Џавахер.

 

 

Принцезата од Велс се појави во долго бордо палто со капа во иста боја.

 

Таа носеше накит што и припаѓаше на покојната кралица Елизабета Втора. Насмеана, таа застана и позираше покрај принцот Вилијам. Ова беше прво јавно појавување на принцезата по повеќе од еден месец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.