Предновогодишен концерт на Нокаут и диџеј Александар Јорданов, во петок на Боемска
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 23 Декември 2024
Општина Центар информира дека в петок, 27 декември организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
Предновогодишната забава ќе почне во 20 часот, на локација „Боемска 1“.
Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов, по што ќе следат „Нокаут“.
„Качете се на временската машина на „Нокаут“ и запејте ги „Фатална опсесија“, „Лебедот бел“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на Боемска. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, Ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.
Во среда, 25 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада, кадешто граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс