Ана Ивановиќ секој ден пие иста напивка: ги намалува брчките и го ослободува стресот
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 15 Јануари 2025
Нејзината исхрана е богата со свежо овошје, зеленчук, житарки, протеини и јаткасти плодови.
Ана Ивановиќ (37) отсекогаш имала вита линија на која многумина ѝ завидуваат, а тоа најмногу се должи на здравиот начин на живеење што го води. Убавата Ана трипати се породи, со Бастијан Швајнштајгер има три сина, а сите велат дека никогаш не изгледала подобро.
Ана одлично се грижи за своето лице и тело, а своевремено пишуваше дека не може да замисли ден без шолја чај.
Имено, тоа е јапонскиот зелен чај во прав, кој носи многубројни придобивки за нашето тело. Поранешната тенисерка најчесто го пие ладен, а го сака затоа што го намалува стресот, а со тоа го спречува и создавањето брчки.
„Ги сакам одличните ефекти на мача-чајот. Го намалува стресот и ги подобрува концентрацијата, меморијата и расположението“, истакна Ана еднаш.
Често на „Инстаграм“ споделува што јаде, а еднаш го покажа и својот омилен рецепт.
„Почнете ја годината со здраво јадење. Мојот омилен рецепт: брокула, фалафел, аспарагус, сладок компир, елда или кафеав ориз, црвена зелка, ‘рдоква, краставица и зелена салата како основа. Додадете ги омилените додатоци и уживајте во оброкот“, напиша тогаш Ана.
Нејзината исхрана е богата со свежо овошје, зеленчук, житарки, протеини и јаткасти плодови, а сака да го почне денот со еден од омилените појадок.
„Здравјето е богатство. Никогаш не сум верувала во диети, туку во квалитетна исхрана“, изјави убавата поранешна тенисерка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс