Изразите на лицето на Џорџ Буш на инаугурацијата на Трамп ги преплавија социјалните мрежи

Џорџ В. Буш, поранешен претседател на САД, го привлече вниманието на јавноста благодарение на изразите на лицето за време на инаугурацијата на Доналд Трамп. Неговите реакции брзо се проширија низ социјалните мрежи, а корисниците на TikTok и платформата X (поранешен Твитер) ги претворија во мемиња кои насмеаја милиони.

 

 Многу корисници на X и TikTok споделуваат видеа и фотографии од изразите на лицето на Џорџ В. Буш со хумористични коментари како: „Џорџ В. Буш на инаугурацијата – тоа сум јас кога ќе ја видам келнерката како ми носи храна“, „Не ми е гајле што некој ќе каже, јас го сакам Џорџ Буш и неговиот 10-годишен дух на божиќен концерт“, „Џорџ Буш застана во продавница за слатки пред инаугурацијата и изеде премногу“.

 

Неговата ќерка Џена Буш Хејгер (43) изјавила дека смешните реакции на нејзиниот татко за време на инаугурацијата на Доналд Трамп предизвикале вистинска бура во семејниот групен разговор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.