Мерил Стрип преживеала драма додека бегала од пожарот во Лос Анџелес: морала да пресече дупка во оградата на соседот

Мерил Стрип мораше да ги преземе работите во свои раце кога се евакуираше од пожар во Лос Анџелес на почетокот на овој месец, а тоа вклучуваше и сечење на оградата на соседот за да избега.

 

Имено, нејзиниот внук Ејб Стрип, кој исто така е соработник на „Њујорк Магазин“, во приказна објавена во вторникот напиша дека на оскаровката добила наредба да се евакуира на 8 јануари, ден по избувнувањето на пожарот во населбите Палисадес и Итон.

 

Кога Стрип се обидела да замине, открила дека големо дрво паднало на нејзиниот пат, блокирајќи и го единствениот излез.

 

„Одлучна да побегне, позајмила режачи за жица од соседот и на оградата што ја делела со соседите од другата страна направила дупка со големина на автомобил и поминала низ нивниот двор за да избега“, се вели во приказната.

 

Пожарите во Палисадес и Итон се сметаат за најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес. Жителите во овие области продолжуваат да се борат со штетите и траумите предизвикани од пожарите.

 

Иако официјалните проценки на штетите се уште се во тек, Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари проценува дека повеќе од 16.200 објекти се оштетени или уништени во пожарите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.