Сведок на авионската несреќа: Видов само бела светлина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 30 Јануари 2025
Седумнаесетгодишен сведок на фаталната авионска несреќа во Вашингтон имал застрашувачки близок поглед на трагедијата.
Џими Мазел изјави за Си-Ен-Ен дека вечерал во Гравелли Поинт Парк, мал јавен зелен простор во Арлингтон, недалеку од националниот аеродром Реган.
„Забележав бела светлина што паѓа од небото и не бев сигурен што е тоа. Бев многу загрижен за тоа што може да биде“, рече Мазел.
Било премногу темно за да види што точно се случува, а деталите ги дознал кога разговарал со новинарите собрани во Арлингтон.
„Сè уште сум шокиран. Сè уште сум потресен“, рече Мазел.
Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Според информациите, во несреќата нема преживеани лица.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс