Шокантна изјава на романски претседателски кандидат: Ќе ја поделиме Украина со Русија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 30 Јануари 2025
Екстремно десничарскиот романски политичар Калин Јоргиеску предизвика контроверзии велејќи дека Украина е фиктивна држава чија територија ќе биде поделена меѓу соседните земји, вклучително и Романија.
Георгеску, водечкиот екстремно десничарски кандидат на претстојните претседателски избори, е познат по своите радикални ставови, но сега дополнително ја шокираше јавноста со изјавата дека Украина може да се подели меѓу Русија и Романија.
„Сто проценти, тоа ќе се случи. Па, немаат друг пат! Патот до ова е неизбежен. Украина е фиктивна држава. Тоа е Украинската Советска Социјалистичка Република“, рече Георгеску. Тој исто така нагласи дека, доколку победи на изборите, ќе го забрани извозот на украинско жито преку Романија и ќе ја прекине сета воена помош за Украина.
Зборувајќи за можна промена на границата, тој ги спомена регионите како Северна Буковина, Бугеац (Буџак) и Северен Марамуреш како делови од територијата што може да и се вратат на Романија. Овие области моментално припаѓаат на западна и јужна Украина.
Украинската страна се уште официјално не ги коментира овие изјави, додека аналитичарите сметаат дека таквите коментари може дополнително да ги заострат односите меѓу двете земји.
Георгеску останува најпопуларниот кандидат пред повторените претседателски избори во мај. Судот во Романија ги поништи резултатите од првиот круг од изборите на кои тој водеше, откако беа констатирани нерегуларности.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс