Пејачката Енџи Стоун загина во сообраќајна несреќа

Пејачката Енџи Стоун почина на 63-годишна возраст по сообраќајна несреќа во Алабама.

 

Тажната вест ја соопшти нејзината ќерка. „Мајка ми ја нема“, напиша Дајмонд Стоун на Фејсбук. Претставничката на Енџи Стоун, Дебора Р. Шампањ, исто така, ја потврди нејзината смрт за ТМЗ. Енџи зад себе ги остави ќерката Дајмонд, синот Мајкл и неколку внуци.

 

Родена на 18 декември 1961 година во Јужна Каролина, Енџи Стоун (вистинското име Анџела Лаверн Браун) пораснала слушајќи госпел музика, која имала големо влијание врз нејзиниот вокален стил. Нејзиното музичко патување започнало во тинејџерските години кога станала член на хип-хоп групата The Sequence. Оваа женска рап група, која ја формираше кон крајот на 1970-тите, го имаше хитот „Funk You Up“ (1979), кој стана една од првите успешни рап песни изведени од женска група.

 

Како соло уметник, Енџи Стоун дебитираше со албумот Black Diamond (1999), кој доби признание од критиката и постигна комерцијален успех.

 

Нејзиниот моќен вокал, интроспективни текстови и софистицирана продукција веднаш ја издвојуваа како значајна фигура на музичката сцена.

 

Нејзиниот втор албум, Mahogany Soul (2001), дополнително го зацврсти нејзиниот статус со хитовите „Wish I Didn’t Miss You“.

 

Покрај музиката, Енџи се занимавала и со глума.

 

Откако во 1999 година ѝ беше дијагностициран дијабетес тип 2, Енџи стана дел од организацијата FACE Diabetes.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.