
(Фото) Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам шокира со својот изглед
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 10 Март 2025

Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам предизвика големо внимание на Модната недела во Париз, а таа има само 13 години.
Во последните денови вниманието на париската јавност го привлече семејството Бекам, поточно нивниот најмлад член – Харпер Бекам.
Придружувана од татка си и браќата таа присуствуваше на модната ревија на мајка си – познатата дизајнерка Викторија Бекам, а нејзината облека предизвика дискусија меѓу корисниците на социјалните мрежи.
Харпер за таа пригода облече сатенски макси фустан, а целиот изглед го комплетира со додатоци, бели сандали и чанта.
Поради нејзиниот изглед, многу луѓе напишаа на интернет дека изгледа многу постаро од своите врсници и дека 13-годишниците не се облекуваат вака.
Некои дури ја споредија со нејзината позната мајка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
