
Иако има 45 години, прекрасната русокоса признава: „Би можела да имам уште деца“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 12 Март 2025

Кејт Хадсон во подкастот „Kelce’s Not Gonna Lie“ откри дека сè уште не е подготвена да се откаже од идејата за раѓање деца.
Актерката Кејт Хадсон, која неодамна призна дека не сака брак и дека ја сака својата слобода, повторно ја изненади јавноста.
Иако има 45 години и три деца, прекрасната русокоса во искрено интервју за подкастот „Kelce’s Not Gonna Lie“ откри дека не сака да се откаже од идејата да има уште деца.
„Би можела да имам уште деца“, рече Кејт, додавајќи:
„Дури и сега размислувам за тоа. Се прашувам: Дали навистина сум завршила? Затоа што едноставно не можам да замислам дека ќе завршам со породувањето“.
„Чудно е да се размислува за тоа, како: О, не. Завршив со децата“, продолжи таа.
Ова не е првпат актерката јавно и отворено да зборува на оваа тема. Кејт во ток-шоуто на водителката Елен Деџенерис истакна дека е подготвена да има уште деца.
„Не знам дали сум завршила со тоа“.
„Јас сум во таа фаза во моментов, Рани е на таа возраст каде што велите: Сакам да имам повеќе деца. Но, кога ќе има околу 4 или 5 години, тогаш велите: Чувствувам дека животот ми се врати малку и тие се во некаков ритам. Чудно е… тоа е како прозорец“, изјави Кејт тогаш
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
