
(Видео) Бремената Александра Пријовиќ присуствуваше на концертот на Марија Шерифовиќ во Белград
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 13 Март 2025

Српската пејачка Марија Шерифовиќ одржа пет концерти во белградскиот Сава центар. Шестиот концерт како дел од турнејата „Доаѓа љубов“ е закажан за мај годинава.
На петтиот концерт имаше и познати фаци, меѓу кои и Александра Пријовиќ. Пејачката пристигна во Сава Центар облечена во црни панталони, бела кошула и сиво сако.
Таа ја искористи оваа облека за да го скрие трудничкиот стомак.
По веста за бременоста, таа реши да се одмори по успешната турнеја, а среќната двојка откри и дека очекуваат девојче, токму како што се надеваа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
