(Видео) Српска инфлуенсерка го привлече вниманието на ревијата на Валентино во Париз

Тамара Калиниќ е една од најпознатите модни инфлуенсерки во регионот, чии модни избори секогаш се следат со голем интерес.

 

Видео: https://www.tiktok.com/@tamara/video/7480251527890832662?embed_source=121374463%2C121468991%2C121439635%2C121433650%2C121404359%2C121497414%2C73319237%2C121477481%2C121351166%2C121487028%2C73347566%2C121331973%2C120811592%2C120810756%2C121503376%3Bnull%3Bembed_share&refer=embed&referer_url=makfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2581%25d1%2580%25d0%25bf%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2584%25d0%25bb%25d1%2583%25d0%25b5%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25bb%25d0%25b5%25d1%2587%2F&referer_video_id=7480251527890832662

 

Оваа српска блогерка со постојана адреса во Лондон со години инспирира со своите елегантни, префинети и луксузни модни комбинации, а нејзиниот Инстаграм профил го следат речиси два милиони луѓе, кои секојдневно бараат инспирација во нејзиниот моден избор.

 

Сепак, нејзиното последно модно издание на ревијата на Валентино во Париз, одржана на 9 март 2025 година, предизвика различни реакции.

 

 

Тамара за оваа пригода беше облечена од глава до пети во парчиња на Валентино. Таа избра елегантен црн фустан со суптилни бели детали на ракавите од најновата колекција на брендот. Изгледот го комплетираше со црни хулахопки со дезен, салонки со црвен ремен околу глужд, црни очила за сонце и црна чанта.

 

Сепак, највпечатлив дел од нејзиното издание, што предизвика дискусија во коментарите, беше накитот за уста во форма на метална декорација што оди преку усните.

 

„Ова е првпат да не ми се допадне ништо друго освен твојата убавина“, „Накитот за усни е ужасен. Веќе има доволно жени замолчени на овој свет за доброволно да носиш такво нешто во името на модата“, беа некои од критиките.

 

Но, за некои тој детаљ беше омилен дел од нејзината облека. „Накитот за усни ми е омилен!“, „Го сакам! Толку храбар и поларизирачки, тоа е она што го прави стилот одличен!“, „Секогаш најшик“, „Конечно вистинска мода! Накитот за усни совршено ја раскажува приказната за целата облека. Веројатно вашето најдобро издание досега!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.