Џеф Безос и Лорен Санчез испраќаат покани за свадба, откриена локацијата

Основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, и неговата свршеница Лорен Санчез испратија покани за долгоочекуваната венчавка, која ќе се одржи летово, по две години од свршувачката.

 

Според странските медиуми, Безос планира да инвестира дури 500 милиони долари за да организира спектакуларна свадба на брегот на Италија, која е закажана за јуни 2025 година.

 

Иако претходно кружеа шпекулации дека парот ќе се венча во Колорадо, Безос бргу го демантира тоа. На социјалната мрежа „Икс“, Безос одговори на објава во која се споделува напис во„ Њујорк пост“, кој цитира извор од „Дејли мејл“.

 

„Целата оваа приказна е целосна лага и ништо од тоа не се случува. Старата изрека не верувај во сѐ што ќе прочиташ е повистинита денес од кога било. Лагите може да го обиколат светот пред вистината да стигне до луѓето. Затоа, бидете внимателни и не бидете наивни“, напиша Безос.

 

Наводно, меѓу гостите ќе бидат и оние што биле присутни на нивната свршувачка на луксузна јахта во август 2023 година, а се очекува да пристигнат и познати имиња, како Бил Гејтс, Леонардо ди Каприо, Крис Џенер, кралицата Ранија од Јордан и многу други





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.