
Џенифер Анистон и Педро Паскал сепак не се во врска
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 26 Март 2025

Џенифер Анистон и Педро Паскал го запалија интернетот кога изминатиот викенд се појавија фотографии на кои двајцата вечераат во Западен Холивуд, Калифорнија.
Но, сега вистината за нивната врска наводно е откриена. „Не постои романтична врска помеѓу Џенифер Анистон и Педро Паскал“, открил извор за „Пејџ Сикс“.
„Тие се почитуваат како уметници, но нивниот однос е чисто пријателски и не се во врска“, додаде тој.
За потсетување, за време на викендот, се појавија фотографии од актерите кои го напуштаат хотелот Сансет Тауер по вечерата во барот Тауер во хотелот. Фотографите ги фатија како разговараат надвор од ресторан по тричасовна вечера, а фотографиите ги објави Дејли Мејл.
Фановите на социјалните мрежи се воодушевија поради можноста Анистон и Паскал да се во врска.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
